Концерт на „Чалгија саунд систем“ во Прилеп

Од:

Групата „Чалгија саунд систем“ вечер ќе одржи целовечерен концерт на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, во рамки на Прилепско културно лето кое го организира Центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Чалгија саунд систем“ е основана во 2008 година со цел да го одржи чалгискиот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми, кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата. Тие го земаат чалгискиот израз како основа за создавање современа музика која е во духот на чалгиската традиција.

Досега имаат реализирано повеќе настапи на фестивали, како што се самостојните целовечерни концерти на 1.st International Istanbul Music and Dance Encounter и на Оффест 2015, настапувале и на Скопско лето, „Мариово оф роуд“, „Локум фест“, Етно фестивал во Битола… Групата многу често настапува во живо насекаде низ Македонија и го подготвува вториот албум.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање