Состојбата и опременоста на ДЗС на собраниската Комисија за одбрана

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност.

Комисијата за одбрана и безбедност денеска ќе разгледува Информација за моменталната состојба на Дирекцијата за заштита и спасување, нивната опрема, технички средства, возила, механизација и резервите, како и степенот на обучување, оспособување и опремување на силите за заштита и спасување и човечкиот капацитет со кои располагаат.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе ја продолжи јавната расправа за Предлог-нацрт на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Предлог-нацрт на Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправат за Предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка – второ читање.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од пратениците Томислав Тунтев, Мирсада Емини Асани, Јован Митрески, Јагода Шахпаска, Шпреса Хадри, Илија Николовски и Горан Мисовски.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции