Младата јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија.
Ова е исходот по комплетирањето на средбите од последното 5.коло на Д групата одиграни синоќа во кои Белгија ја победи Швајцарија со 80-50, а Данска беше подобра од Ирска со 84-63. Претходно нашите млади кошаркари загубија од домаќинот Естонија со 78:58.
Така покрај Естонија која осви максимални 10 бодови, пласман во четвртфиналето обезбеди и Данска, додека Белгија и Македонија, како трето и четврто рангирани во групата ќе играат во разигрувањето од 9-16 место.
Нашите јуниори за противник во првиот меч од разигрувањето ќе ја имаат селекцијата на Португалија против која ќе играат утре, а ден подоцна во зависност од резултатот против Ислан или Шведска.