Таравари: Законот за јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата

Од:

Законот за употреба на јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата и ќе се испрати до Венециската комисија, истакна денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Како партија тоа што сме го кажале пред да влеземе во Владата, зборувам за Движење за реформи – ДПА, тоа сме го кажале и првиот ден кога ме назначија за министер и влеговме во Влада, тоа го кажуваме и сега дека тој закон ќе помине во првите сто дена на новата Влада на Република Македонија, рече Таравари.

Посочи дека нема недоразбирања, нема потреба да ја напуштат Владата, бидејќи, како што рече, се координирани и тоа ќе помине.

Според него, ако тие имаат одговорност за 36.000 гласови на Албанци, повеќе албански гласови од нив има СДСМ. – Така што и тие имаат обврска колку и ние, а да не зборуваме за ДУИ кои имаат речиси двапати повеќе од нас. Сметаме дека тоа ќе помине. Има согласност од сите коалициски партнери да помине во првите сто дена, додаде Таравари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски