Младата јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра последниот меч од групната фаза во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија.
Нашите јуниори во натпревар од 5.коло на Д групата ќе играат против домаќинот Естонија селекција која важи за еден од главните фаворити за највисок пласман на првенството.
Естонците досега имаат максимални четири победи и се лидери на табелата со 8 бодови. Македонија пак е во групата од четири селекции со „скор“ од две победи и порази, а со 6-те освоени бодови „црвено-жолтите“ сеуште се во игра за второто место.
Шест бодови имаат и Белгија и Швајцарија кои денеска ќе играат во меѓусебен дуел, како и Данска која е фаворит во мечот против Ирска.
Првопласираните две селекции од групата ќе играат во четвртфиналето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, а останатите две (5 и 6.место) ќе разигруваат од 17 до 24 место во конечниот поредок на првенството.