Илинденски чествувања во Крушево

Од:

Чествувањата по повод 114 годишината од Илинденското востание денеска во Крушево почнаа од 9:30 часот со положување цвеќиња и оддавање почит пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во „Македониумот“ на Гумење и пред споменикот во месноста Слива каде во битка загинале 40 востаници.

Почит оддадоа делегација на Собранието на РМ предводена од претседателот Талат Џафери, делегација од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, владина делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ предводена од генерал Павле Арсовски, делегација на градот Крушево на чело со градоначалникот Ѓорги Дамчески, делегации од научно културните средби „10 дена Крушевска Република“, на здруженија и граѓани.

Во чест на загинатите илинденци се одржа и панихида во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево.

Централното чествување е на Мечкин Камен каде што ќе говори претседателот на СобраниетоТалат Џафери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август