„Либералната партија го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. Договорот не само што нуди ЕУ перспектива на Македонија, туку ја потврдува и перспективата на практикувањето европска политика во регионот.
Либералната партија оценува дека со потпишувањето на овој договор два месеца од формирањето на новата влада, по децениска стагнација, Македонија се враќа на патот кон ЕУ и го реплицира франко – германскиот модел на политичка соработка, економски развој и мирно решавање на разликите меѓу соседите на Балканот.
Честитајќи го денешниот празник на сите македонски граѓани, Либералната партија потсетува дека денешната политичка генерација ја има можноста да ги преточи влогот и визијата на првиот и вториот Илинден во Македонија како слободна, просперитетна и демократска држава и општество на сите свои граѓани“, се вели во соопштението на Либерална партија.