Чеку очекува во 2013 година да се создаде косовска војска

Од:

Министерот на Косовските безбедносни сили Агим Чеку денеска изјави дека очекува оваа полициска формација следната година да добие статус на воени сили.

Чеку, на прес конференција, изрази уверување дека по разгледувањето на стратегијата за национална безбедност, во јуни 2013 година ќе биде усвоен заклучок дека Косовските безбедносни сили ќе прераснат во војска.

Претставувајќи ја работата на своето министерство во текот на 2012 година Чеку изјави дека очекува следната година да биде „година на косовската војска“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина