По повод државниот празник Илинден македонската виолинистка Пламенка Трајковска заедно со нејзините колешки како гудачки квартет ќе го реализираат концертот Апасионато.
Концертот ќе се одржи од 20 часот на 1 август (вторник) во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар.
На концертот ќе бидат изведени композиции од А. Вивалди, Ј.С Бах, Ј. Брамс П.И. Чајковски и други композиции од класичниот репертоар обработени во кросовер стил за гудачки квартет.
Концертот претставува звучна и визуелна атракција која вклучува музичка интерпретација, кореографија, видео проекција и е наменета за доближување на класичната музика до најшироката публика.
Композициите од концертот се креација на истоимениот албум на Пламенка Трајковска кој светски е распространет и достапен преку најголемите он лајн музички мрежи Ајтунс и Амазон. Апасионато досега е претставен во речиси сите градови во Македонија – Скопје, Битола, Велес, Радовиш, Кочани и во други градови и манифестации.
На концертот покрај Пламенка Трајковска во гудачкиот квартет ќе земат учество и нашите реномирани музичарки Наташа Диденко, Љубица Бошкоска и Ени Вучидолова.
Концертот е вистинска можност гостиварчани да уживаат во атрактивен и несекојдневен концерт.
Влезот за концертот е бесплатен.