Австриецот Нојхрист победник на фјучрсот во Скопје

Од:

Австриецот Максимилијан Нојхрист (втор носител) е победник на првиот фјучрс тениски турнир што се одржа во Скопје на терените на ТК „Тенис парк“. Тој денеска во финалето го победи Хрватот Нино Сердарушиќ од Хрватска (трет носител) со 2-0 во сетови за два часа игра со 6:3 и 7:5 во гемови.

За Нојхрист ова е прв триумф на фјучрс турнир оваа година, а вкупно деветтта турнирска победа во кариерата. Тој заедно со сонародниот Давид Пихлер го освои и турнирот во конкуренција на двојки во Скопје.

Нојхрист вчера во полуфиналето беше подобар и од македонскиот тенисер Томислав Јотовски. Инкау, двајцата финалисти и Јотовски, како и другите носители од првиот фјучрс ќе настапат и на вториот што почнува во вторник, а во тек се квалификациите за овој турнир.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ