А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за поранешна управителка во Славија

by А1он30/07/2017 - 12:4030/07/2017 - 22:51136
Share0

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.С. (64), поранешна управителка во „СЛАВИЈА“ ДОО Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 2007 до 2010 година сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, со што ја „СЛАВИЈА“ ДОО Скопје за вкупен износ од 20 милиони 771 илјади и 204 денари.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, А.С., која и претходно била кривично пријавувана за „злоупотреба на службената положба и овластување“, како управителка на правното лице, во периодот од 2007 и 2010 година, склучила договори со пет адвокатски кацеларии за пружање правни услуги со исплата на различен износ на месечен паушал. На тој начин таа овозможила исплата надвор од договорениот паушал во вкупен износ од еден милион 34 илјади 568 денари.

Исто така, како што стои во соопштението, пријавената признала и одобрила компензација на инвестициони вложувања од закупците во три објекти со стасаните месечни закупнини. Притоа, А.С. постапила спротивно на член 8 од склучените договори за закуп на деловен простор, според кој трошоците од инвестиционото вложување ги сноси самиот закупувач без право да ги компензира со стасаните закупнини и во ниту еден случај закупувачот по основ на какви било негови инвестиции, адаптации и други зафати не може да се стекне со сопственост или било кое друго право над објектот кој е под закуп. На тој начин пријавената го оштетила друштвото „СЛАВИЈА“ ДОО Скопје за износ од два милиони 914 илјади и 199 денари.

Пријавената, во наведениот временски период, иако знаела дека сметката на Славија ДОО Скопје е блокирана, наместо да се грижи за одблокирање и да обезбеди услови за регуларно редовно работење на друштвото, постапувала спротивно на член 354 став 3 од Закон за трговски друштва. Таа склучувала договори за цесија и асигнација со правните лица-закупувачи на деловен простор од „Славија“ ДОО Скопје и на тој начин овозможила прилив на седум милиони 170 илјади и 437 денари на сопствена сметка.

Од извршена анализа на обезбедените податоци од банките во кои А.С. имала трансакциски сметки, утврдено било дека од вкупните приливи на нејзината сметка, во готово подигнала две милиони и 393 илјади денари, четири милиони и 202 илјади денари биле подигнати од банкомати, додека 590 илјади и 175 денари биле исплатени од нејзината трансакциска сметка на други правни лица за вршени набавки и користени услуги. На сметките на нејзино име во банките останале 232 илјади и 956 денари.

Исто така, А.С. склучила купопродажен договор со кој извршила противправна продажба на деловен простор со површина од 111 метри квадратни и подрумски простор со површина од 20 метри квадратни, лоцирани во центарот на Скопје, во сопственост на Славија ДОО Скопје. Купопродажниот договор бил склучен во корист на правното лице „Александрија“ ДООЕЛ Скопје при што не бил почитуван предвидениот износ на пазарна вредност на недвижниот имот, согласно проценката по Методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот. На тој начин пријавената го оштетила друштвото „Славија“ ДОО Скопје во вкупен износ од девет милиони и 652 илјади 000 денари, соопшти МВР.

mvr

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Катерина Ѓуровски12/11/2025 - 09:04

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Катерина Ѓуровски10/11/2025 - 12:20

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он04/11/2025 - 18:44

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 13:35

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он31/10/2025 - 20:0431/10/2025 - 22:04

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен