По двата пораза во првите две кола јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево на Европското првенство Б –дивизија што се игра во Талин, Естонија има шанса да ја постигне првата победа.
Противник на избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов е селекцијата на Република Ирска, која истотака запиша два пораза на стартот од групата Д.
Македонија во првото коло загуби од Данска 88:92, а вчера високо беше поразена од Белгија со 65:85.
На чело на табела се Естонија и Белгија со по 4 бодови, Данска и Швајцарија имаат по 3, а Македонија и Република Ирска по 2.
Од третото коло покрај натпреварот Македонија – Република Ирска играат уште: Данска – Швајцарија и Белгија – Естонија.