И Бетмен стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен Комитет, а за нов генерален секретар е избран Христијан Мицковски. Во извршниот комитет влезе и Богдан Илиевски-Бетмен, кој за време на протестите кои ги организираше и кои завршија со влез во Собранието тврдеше дека не припаѓа на ниту една партија и дека не е во координација со ВМРО-ДПМНЕ.

Нови челнови на ИК станаа Драги Димитровски, Игор Николов од Нефрологија, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, несудениот амбасадор во Брисел, Александар Николоски, Џери Наумов кој привлекуваше странски инвестиции, Златко Перински, експертот кој се претставуваше како независен и кој ја предводеше промашената камапања против Сорос, Никола Србов, Славе Трпески, пратеничката Ане Лашкоска, Сеад Солаковски,лекар од Лабуништа, Марио Цветковски, Дијана Транталовска, кошаркарот Дејан Јовановски, портпаролот на владата на Никола Груевски, Александар Георгиев.

Во ИК како членови се избрани и Илија Димовски, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска, Зоран Савевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ