Прскање против комарци во општините од Југоисточниот плански регион

Од:

На териториите на Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово и на уште шест општини од Југоисточниот плански регион, утре од 5 до 8 часот ќе се изврши заедничко авионско прскање против комарци, најави денеска гевгелискиот градоначалник Иван Франгов кој е воедно и претседател на Советот на ЈИПР.

Во општина Гевгелија ова ќе биде второ прскање против комарци, откако претходно на почетокот од јуни тереистички беа третирани мочуришните предели кои беа легла на ларви, информира Франгов со напомена дека во последната декада од август во општина Гевгелија ќе се изврши уште едно авионско прскање против комарци.

Надлежните општински служби упатија апел до соптвениците на пчели да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства неколку часа пред и по извршеното авионско прскање против комарците.

Би можело да ве интересира

Трета фаза од дезинсекцијата против ларви од комарци во Скопје

Од сабота прскање против комарци во Скопје

Ана Ололовска

Пет начини да ги избегнете комарците

Вонредно прскање против комарци во вторник

Ана Ололовска

Викендов ново прскање против комарци во Скопје

Жарко Настоски

Во понеделник наутро во Скопје ќе се прска против комарци

Жарко Настоски