Јапонија ќе го замрзне имотот на пет организации и девет поединци поврзани со Северна Кореја, вклучувајќи два кинески субјекти, изјави министерот за надворешни работи на Фумио Кишида, презентирајќи ги новите санкции против земјата.
Оваа одлука на Јапонија доаѓа само неколку часа откако американскиот Сенат ги изгласа новите санкции за Северна Кореја, по минатонеделниот извештај на американските медиуми дека разузнавачите утврдиле дека Пјонгјанг до идната година би можел да лансира интерконтинентален балистички проектил (ИЦБМ) кој би бил оспособен за носење на нуклеарно оружје.