ТХП: ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за Турците, затоа немаат достоинство да говорат во нивно име

Од:

„Поднесувањето на амандман на ребалансот на буџетот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара основање на „Институт за истражување на историјата и културата на Tурците“, е злоупотреба на веќе поднесениот ист амандман на буџетите (2015 и 2016 год.) од страна на пратеникот Енес Ибрахим.

Уште почудно е што меѓу подносителите го нема пратеникот од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ Јусуф Хасани, кој е од редовите на опозициската турска партија.

11 години токму ВМРО-ДПМНЕ го изготвуваше и реализираше буџетот на Р.Македонија. Во изминатава декада постојано имавме буџетски дефицити, задолжувања, дури и тотално расипнички проект – „Скопје 2014“.

При трошењето на парите секогаш се фаворизираа одредени култури, но не и турската заедница. Опожарената Чарши џамија во Прилеп, случувањата со Плаошник (Имарет) се голем удар врз целото општество, но посебно за историјата и културата на Турците.

Поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со години се мајтапеше со потребите на граѓаните од турската заедница. Оваа партија продолжува со истиот начин на делување. Откако преминаа во опозиција, одеднаш се присетија дека во Македонија живеат и Турци и по неполни два месеци од новата влада бараат реализација на „Институтот за истражување на историјата и културата на Турците“.

Повеќе од очигледно е дека сета оваа фарса е само уште една епизода од злосторството на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата врз турската заедница. Нема да дозволиме со вакви евтини трикови да се обидат да добијат политички поени. Турците не се и нема да бидат ничиј инструмент!

ВМРО-ДПМНЕ имаше повеќе и од доволно време да се посвети на потребите на Турците во Македонија, но ниту имаа желба, ниту пак направија нешто околу тоа. Затоа денес немаат никакво достоинство да говорат во име на Турците“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска