Јотовски со пресврт до триумф против Грабул на фјучрсот во Скопје

Од:

Во дуелот на македонските тенисери (дејвис куп репрезентативци) Томислав Јотовски со 2-1 во сетови го победи Димитар Грабул, иако противникот имаше водство од 1-0 во сетови.

Првиот сет го доби Грабул со 6:3 во гемови, со посигурна игра. Во вториот сет резултатски беше неизвесно, а решавачкиот брејк Јотовски го направи во 12. гем добивајќи го сетот со 7:5. Во тие моменти Јотовски, кој е седми носител на турнирот ги надмина и здравствените проблеми кои ги имаше во текот на првиот сет. Во решавачкиот сет по водството на Грабул од 2:1 во гемови, Јотовски имаше серија од четири освоени гема што се покажа како решавачко и сетот го доби со 6:3. Мечот траше 2 часа и 38 минути.

Утре во четвртфиналето Јотовски ќе игра против четвртиот носител Цунг Хуа Јанг од Тајпех, кој денеска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2) го победи Никола Хортон од Австралија.

Меч од второто коло денеска играче и македонскиот тенисер Бесир Дургути, кој загуби од првиот носител Давид Пихлер од Австрија со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2).

Попладнево во игра на двојки настап ќе има Димитар Грабул во полуфиналето со Лука Павловиќ од Франција ќе играат против првите носители Пихлер и Максимилијан Нојхрист од Австрија.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ