Шведските министри за одбрана и внатрешни работи, а можеби и министерката за инфраструктура денеска би можеле да останат без функции поради скандалот со протекување чувствителни информации.
Министерот за одбрана Петер Култквист и министерот за внатрешни работи Андерс Игеман се соочуваат со обвиненија дека знаеле за протекувањето на податоци од националната Агенција за сообраќај и пристап до приватните податоци на милиони граѓани, а за тоа не го известиле премиерот Стефан Левен.
Под притисок на медиумите и министерката за инфраструктура Ана Јохансон е вмешана во скандалот бидејќи тврди дека за протекувбањето на податоците разбрала подоцна.
Опозициските партии вчера најавија дека планираат да изгласаат недоверба на министрите Култквист, Игеман и Јохансон.
Податоците протекоа кога шведската Агенција за сообраќај ја најмила компанијата ИБМ 2015 година да ги преземе ИТ операциите. ИБМ тогаш ги ангажира подизведувачите во Чешка и во Романија, со што чувствителни информации биле пристапни на странци кои немале безбедносно одобрување за тоа.