Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан преведена на бенгалски јазик

Од:

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан, преведена на бенгалски јазик, e oбјавена на една од најпопуларните поетски веб-локации „Поем хантер“ што секојдневно ја посетуваат во просек над сто илјади читатели од целиот свет.

Стиховите на Етернијан ги препеа на бенгалски јазик познатиот поет и преведувач од Бангладеш, Рахман Хенри, добитник на неколку национални и меѓународни награди, автор на четиринаесет поетски книги и на четири книги со препеви меѓу кои се и „Поезија од лауреатите на Нобеловата награда за литература“ и книга со избрани песни од Адонис, кој го доби „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Јовица Тасевски-Етернијан е афирмиран македонски поет, книжевен критичар и есеист, чии песни се преведени на ​дваесетина јазици и објавени се во околу триесет држави. Го има добиено интернационалното признание „Восхитувачки поет“ што се доделува за исклучителен придонес во современата поезија.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот