Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека економските санкции на САД против 13 актуелни и поранешни венецуелски претставници се „илегални, дрски и без преседан“.
– Што мислат империјалистите во САД? Дека владеат со светот, истакна Мадуро.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за 13 лица во Владата, армијата и во нафтената компанија на Венецуела, со цел да се изврши притисок врз Мадуро за да се откаже од планот за формирање на контроверзниот нов Конгрес.