Украинскиот претседател Петро Порошенко издаде наредба за одземање на украинското државјанство на поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили, соопшти Имиграционата служба на Украина.
Токму Порошенко му го додели украинското државјанство на Саакашвили, кога го именуваше за гувернер на Одеса во мај 2015 година. Во меѓувреме односите меѓу двајцата политичари се заострија, а Саакашвили во ноември минатата година поднесе оставка и формираше партија која започна со борба против Порошенко. Одземањето на државјанството ќе значи крај на неговите политички амбиции, наведуваат агенциите.