Поддршка од Велика Британија за реформската Влада и интеграциите на Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, попладнево се сретна со Фиона Мек Илвам, директорка за Западен Балкан во МНР на Обединетото Кралство на Велика Британија, придружувана од британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Едмунд Гарет.

Високата британска претставничка Мек Илвам ја потврди поддршката од Велика Британија на реформска Влада во Македонија и за стратешките интереси на Република Македонија за членство во НАТО и во ЕУ.

„Интеграциите на Македонија во НАТО нема да значат само безбедност и сигурност, туку и економски развој на земјата и квалитетен живот за граѓаните“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари за искрената поддршка од Велика Британија, којашто доаѓа од највисоките политички нивоа, премиерката Меј, министерот за надворешни работи, Џонсон, континуираната принципиелна помош преку амбасадорот Гарет, како преку посетите, како оваа, на високата британска претставничка, Мек Илвам.

„Владата е ориентирана кон ефикасна и квалитетна реализација на реформите преку Планот 3-6-9, што треба да ги отвори перспективите за граѓаните и за државата. Веќе се реализирани третина од реформите предвидени за првите три месеци. Голем дел од реформите се поврзани со политичка волја, а Владата е определена да ја обезбеди. За таа цел посветени сме на инклузивен процес, со учество на сите во општеството, вклучувајки ја и опозицијата. Нашата цел е изградба на независни институции и правна држава преку професионално судство. Градиме добри односи со соседите, како што е престојниот Договор што ќе го потпишеме со Бугарија за пријателство, добрососедство и соработка. Се надеваме дека со сето ова ќе се движиме во брза и добра насока“, додаде Заев.

На средбата е констатирано дека меѓународната заедница со наклонетост гледа кон позитивните промени во Македонија, од коишто резултати ќе имаат граѓаните на Македонија и државата, во евро-атлантските аспирации.

 

 

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски