НДМ: Академиците да прават стратегии, а не да испраќаат апели

Од:

„Народно движење за Македонија изразува вчудоневиденост од апелот на претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите дека Академијата ќе реагирала доколку биле загрозени национални интереси, дека МАНУ нема да молчи и нема да биде нема институција, иако националните интереси од поодамна се загрозени и Македонија во моментот е сардисана од сите страни.

За НДМ таквите апели на МАНУ се слаби без да се каже како да се обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата, а токму МАНУ треба да го каже тоа со оглед дека барем формално-правно во неа е концентрирана врвната домашна памет.

НДМ сака да им ја освежи меморијата на академиците кои манифестираат селективна сенилност дека не се членови на невладини организации и граѓански здруженија или на политички партии, и оттука, загрижувачки е обидот МАНУ да се сведе само на праќање на апели за националните и државните интереси.

Затоа, НДМ ги повикува академициите да го оправдат трошењето на народни пари и да не само се луксузираат врз грбот на граѓаните како даночни обврзници, со тоа што, најпосле ќе седнат и ќе напишат национална стратегија.

Да потсетиме, за разлика од соседните земји единствено МАНУ сеуште нема изработено излезна стратегија како македонски проект.

НДМ и македонскиот народ очекуваат од МАНУ да видат и оценат стратегија како национален проект кој ќе ја покаже насоката во која треба да се решаваат клучните прашања, бидејќи борбата за опстанок и самостојноста на Македонија продолжува и по стекнувањето на независноста во 1991, земајќи предвид дека земјата е исправена пред сериозни предизвици до степен да го загрозат опстанокот на државата“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска