Во две одделни акции, рализирани денеска во утринските часови, албанската полиција заплени 380 килограми марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.
Во акцијата на полицијата од јужниот град Ѓирокастро, запленети се 220 килограми, чија крајна дестинација бил италијанскиот нарко пазар. Дрогата била откриена на патниот равец Кордоц-Ѓирокастро во автомобил марка „Мерцедес“.
Втората акција била реализирана во пристанишниот град Драч. Во камион со тирански регистерски таблички откриени се 160 килограми марихуана, кои требало да бидат прошверцувани за Италија.
Ова е седма акција на полицијата во текот на овој месец реализирана во Драч, во која полицијата има запленето поголема количина марихуана. Само во текот на месецов во Драч се запленети над два и пол тони марихуана. Пред два дена грчката полиција кај Игуменица заплени 730 килограми а албанската кај Валона 300 килограми марихуана, произведена во селото Лазарат.