Цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот од 1963 година

Од:

На Градските гробишта во Бутел, денеска официјални делегации и претставници на институции положија цвеќиња пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што се случи во 1963 година.

Цвеќиња во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положи делегација на Градот Скопје, на Владата на Република Македонија, на Собранието на Република Македонија, на Советот на Град Скопје, од Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии, од сите општини на Град Скопје, од дипломатскиот кор во Македонија и делегации од здруженија на граѓани и други организации.

Цвеќиња положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, како и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.

Во Домот на хумантирани организации „Даре Џамбаз“ денеска од 9 до 17 часот сите хумани граѓани ќе можат да даруваат крв на традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје.

Мултимедијалниот културенот настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува за 26 јули, со цел да се потсетиме на солидарноста и хуманоста на скопјани, денеска ќе почне со отворање на изложбата на Димитар Аврамовски Пандилов, а освен оваа изложба, во фоајето на МКЦ ќе биде поставена изложбата на фотографии на Вацлав Шваб / ЕПК Плзен 2015,Чешка, а на тревникот пред МКЦ ќе бидат поставени фотоинсталации од фотографите: Ан д` Гела, Максим Делво, Герт д` Таје, Ален Бреје / ЕПК Монс 2015, Белгија. На платото ќе биде прикажан и филмот Messages from the Border (68`), ЕПК Сан Себастијан 2016, Шпанија (програма во организација на „Конгресен центар Александар Македонски“).Вечерта ќе заврши со концерт на RIB, Sweet Rapscallions, Anna O. и Mark Olson &Ingunn Ringvold (САД).

Вечер во Музеј на град Скопје, во 20 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје – архиТРАНСформа“: „Архибелези“ и „Concrete мemories“, фотографии на Матијас Шуман, Дрезден, Германија.

Под мотото – „Скопје го слави животот„ во 21 часот на Плоштад Македонија, соопштуваат од Градот Скопје, ќе се потсетиме на се она што значи овој датум, на подадената рака од целиот свет, како и на оние што трагично го загубија својот живот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето