Општина Гевгелија го зголемува процентот на згрижување деца од предучилишно воспитување

Од:

Со изградба на нови детски градинки и уредување на постојните, општина Гевгелија континуирано го зголемува процентот на згрижување деца од предучилишно воспитување и ги подобрува условите за нивно сместување и дневен престој во градинките.

Надлежните од општината денеска информираа дека моментно се гради новата детска градинка во Прдејци, која ќе биде сместена во објектот на подрачното оновно училиште.

– Во новата градинка во Прдејци ќе обезбедиме простор за згрижување на 50 деца од предучилишна возраст со што ќе се задоволат потребите на родителите од ова населено место за згрижување на нивните деца. За реализација на целиот проект ќе потрошиме 4,9 милиони денари, истакнаа од општина Гевгелија.

Надлежните посочија дека од општинскиот буџет во текот на минатата година биле потрошени 9,5 милиони денари сопствени средства за реконструкција на покривите и фасадирање на детските градинки „Детска радост“ и „Сончогледи“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски