Шест македонски тенисери ќе настапат на фјучрс турнирот во Скопје

Од:

Вкупно шест македонски тенисери ќе настапaт денеска на фјучрс турнирот што се одржува на терените на „Теннис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Сите тие ќе ги играат мечевите од првото коло.

На теренот број 1 во 10 часот е стартот на мечот меѓу Бесир Дургути и Небојша Миленковиќ од Србија, по нив следува мечот на Горазд Србљак против Страхиња Ракиќ од Србија, а потоа е дуелот на Томислав Јотовски, кој е седми носител, против Лука Нарциси од Италија.

На теренот број 2 програмата ќе ја отвори (почеток 10 часот) Давид Мицевски против петтиот носител Клаудио Фонтана од Италија, потоа играат Стефан Мицов против вториот носител Максимилијан Нојхрист од Австрија, a последен е мечот на Димитар Грабул против Маурицио Алварез-Гузман од Чиле.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ