ВИДЕО: Инцидент и тепачка пред Собранието

Од:

Тепачка пред Законодавниот дом меѓу двете групи демострантите и контра-демонстрантите. Како што најави фронтот за заштита на буџетот, за кој на социјалните мрежи се појавија натписи дека е организиран од власта, протестот требаше да го започне во 12 часот.

Бидејќи опозицијата остана пред Собранието, како поддршка на нивните пратеници, кои останаа внатре во собранието, но и како отпор за да не се донесе ненароден и буџет и буџет за луксузирање на власта, власта ги оргиназираше симпатизерите и поддржувачите со автобуси и ги донесе порано за да го запоседнат Собранието.

Иако пред Собранието има силни полициски сили, сепак на едно место дојде до инцидент и се случи тепачка.

Групата поддржувачи организирана од ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги потисне поддржувачите на опозицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски