Лобистите за лично оружје бараат депортација на новинарот на CNN

Од:

Заговорниците за личното оружје во САД потпишаа петиција во која од Белата куќа бараат британскиот водител и новинар на CNN Пирс Морган да биде депортиран од САД, бидејќи, како што велат, го нападнал вториот амандман на Уставот на САД за заштита на правата на обичните граѓани на Америка, кој се однесува на правото за носење на оружје.

Морган започна еден вид на “лична крстоносна војна”, заложувајќи се за построги мерки за контрола на личното оружје во САД, по масакрот во основното училиште “Сенди Хук” во градот Њутон, во државата Конектикат, каде што на 14 Декември загинаа 26 лица, од кои 20 деца.

Морган минатата недела имаше жестоко интервју со извршниот директор на организацијата која се залага за вооружување на граѓаните “Gun Owners of America” (ГОА) Лари Прат, кое уште повеќе се заостри кога Прат, како решение, понуди не намалување на вооружувањето на граѓаните, туку негово зголемување.

– Вие сте неверојатно глупав човек, зарем не? Немате ниеден прифатлив аргумент. Вам навистина не ви е грижа за стапката на убиства во Америка – рече Морган за време на интервјуто.

После интервјуто, еден тексашки новинар постави петицијата на сајтот на белата куќа, во кој го обвинува Морган за “вмешаност во напад на американскиот Устав, напаѓајќи го вториот амандман”, пренесе АФП.

“Бараме Морган веднаш да бидат депортиран, бидејќи се обиде да ги наруши уставните права и бидејќи ја искористил својата позиција на националната телевизија да ги нападне правата на американските граѓани”, се наведува во петицијата.

АФП истакнува дека многу Американци буквално го сфаќаат вториот амандман на Уставот на САД, во кој се наведува “правото на носење оружје.” Два дена по објавувањето, петицијата ја потпишале најмалку 19.000 луѓе, приближувајќи се на бројот од 25.000 колку што се потребни за одговор од Белата куќа.

Морган одби да се повлече од својата позиција и продолжи да се залага за контрола на оружјето на својот профил на Твитер, како и во денешното интервју за NBC со претставникот на американската Национална асоцијација заговорници на лично оружје (NRA) Вејн ла Пјер.

(NRA) се смета за една од највлијателните лобирачки групи во САД, се противи на построга контрола на оние кои поседуваат огнено оружје, истакнувајќи дека граѓаните на САД имаат уставно право да поседуваат оружје.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху