Шеесетипетгодишниот Германец, за кого се мислело дека спие во исправена положба додека се возел во метрото во Берлин, всушност бил мртов, беше објавено денеска од полицијата.
– Не знаеме колку долго се возел мртов или причината за смртта. Нема траги на насилство, а се претпоставува дека умрел од природна смрт – изјави портпаролката на берлинската полиција.
Мртовецот беше откриен во 05:45 часот во воз на една подземна станица во Берлин, кога возачот се обидел да го разбуди. Возачот повикал болничари, кои само ја констатирале смртта.