Министерот за правда Билен Салији оствари средба со хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ.
На средбата, како што соопшти ресорното Министерство, министерот Салији истакнал дека се заинтересирани за институционална соработка со Хрватска во правосудната област и се заблагодарил за изразениот интерес за соработка меѓу Министерството и Амбасадата на Хрватска во Македонија.
Амбасадорка Баришиќ нагласила дека Хрватска како земја членка на ЕУ ќе ја поддржи македонската Влада на патот кон исполнување на условите за зачленување во ЕУ.