Јапонската Влада сака да ја намали стапката на самоубиства за една третина

Од:

Јапонската Влада денеска усвои серија мерки во обид во следните десет години да ја намали стапката на самоубиства за 30 отсто.

Од сите седум индустриски најразвиени земји стапката на самоубиства е највисока во Јапонија.

Во документот насловен со „Општи одредби против самоубиства“, кој се ажурира на секои пет години и е базиран на априлскиот извештај на ад хок комисијата, се прецизира дека иако веќе неколку години бројот на самоубиствата се намалува, неопходно е да се преземат дополнителни мерки.

Јапонија со 127 милиони жители, долго имаше по 30 илјади самоубиства годишно, а лани имаше 21.897.

Според податоците на Светската здравствена организација, 2015 година во Јапонија на сто илјади жители имало 18,5 самоубиства, додека десет години претходно имаше 24,2. По неа следат Франција со 15,1, САД со 13,4, Велика Британија со 7,5 и Италија со 7,2.

Целта на Јапонија е самоубиствата да ги намали барем на 13 на сто илјади жители до 2025 година, што би било 30 отсто помалку отколку во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови