Денешниот напад во швајцарскиот град Шафхаузен, што беше извршен од маж со моторна пила, не е терористички акт, соопшти полицијата, цитирана од британските медиуми.
Во нападот се ранети најмалку пет лица, од кои две посериозно.
Полицијата прецизира дека мажот со моторната пила нападот го извел утринава во една зграда, а властите биле информирани за нападот во 10.39 часот по локално време (08.39 часот по Гринич).
Во меѓувреме напаѓачот е идентификуван, но потрагата по него и натаму трае. Се смета дека тој избегал со автомобил „Фолксваген Кади“, со швајцарска регистерски таблички.