Репрезентацијата на Грзија го освои шампионскиот трофеј на Европското шрвенство за кошаркари до 20 години.
Грците ја искористија предноста домашниот терен, бидејќи беа домаѓини на младинското првенство, а во финалниот меч одигран во Хераклион тие ја совладаа селекцијата на Израел со 65:56 по четвртини 9-16, 17-7, 22-18 и 17-15.
Во дуелот за бронзениот медал младите Французи со 72-58 ја победија селекцијата на Шпанија која лани беше европски првак, додека шампионот од 2015 година Србија заврши како петто пласирана селекција на годинашното првенство, „А дивизијата“ ја напуштаат Словенија, Чешка и Летонија кои завршија на последните три позиции, додека нивните места догодина ќе ги заземат Хрватска, Романија и Велика Британија.