Десетици илјади луѓе се евакуираат поради обилните дождови и поплави во Јапонија

Од:

На десетици илјади луѓе од североисточна Јапонија им е наредено да се евакуираат поради поплавите предизвикани од обилните дождови.

На приближно 25.000 лица од префектурата Акита им е наредено да се евакуираат, а други 65.000 посоветувани се да се подготват за напуштање на погодениот регион.

Неколку реки се излеале, а повеќе од сто куќи се поплавени, но се уште нема информации за загинати или повредени луѓе.

Поради обилните дождови отежнат е и железничкиот сообраќај од и до Акита.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови