Младите македонски кошаркарки повторно поразени од Израел

Од:

Младата кадетска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години го запиша и вториот пораз во дуелите против соодветната селекција на Израел.

За разлика од првиот дуел во кој беа порамноправен противник овојпат избраничките на Стојна Вангеловска на Израелките им парираа само во првиот период кога имаа и во неколку наврати предност, но гостинките четвртината ја добија со 20-19.

Во втората четвртина Израел направи дополнителна предност од 11 поени откако го доби периодот со 16-5, за водство на полувремето од 36-24. Третиот период мина во релативно изедначена игра, но и тој им припадна на гостинките со 17-15, а во четвртиот само да ја зголемат предноста (23-15), па на прајот да слават победа со конечни 76:54.

Тијана Митрева со 20 и Матеа Николиќ со 13 поени повторно беа двете најефикасни кошаркарки во нашата репрезентација.

Утре, нашите кадетки ќе имаат ден за одмор бидејќи на програмата е дуелот меѓу Израел и Бугарија селекција против која македонските млади кошаркарки ќе играат во понеделник кога ќе биде заокружен овој мини турнир.

Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за Европското првенство (Дивизија Б) кое од 17 до 26 август ќе се одржува во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос