Фризирање на науката во служба на Гугл

Од:

Дојче веле – Бон

Интернет-концерните плаќаат универзитетски професори за изработка на студии кои ги прикажуваат и во добро светло. Професорите за тоа добиваат посебни хонорари кои не ги пријавуваат. Еве како работи Гугл.
Интернет концернот Гугл ангажирал професори од универзитет да влијаат на јавното мислење и на политичарите во корист на концернот. Весникот Тајмс пренесува дека Гугл во текот на последните десет години финансирал стотици студии, десетици професори добиле огромни суми на пари за своите истражувања. Волстрит џорнал пишува дека тие суми оделе и до 400.000 долари по студија, како и дека хонорарите требале да останат во тајност.

Според пишувањето на наведениот весник, ПР-менаџерите на Гугл составувале листи со теми за кои сакале да ги добиваат студиите. Тие дури давале наслови на студии и инструкции за тоа како да бидат напишани нивните заклучоци. Предлагале и цени, т.е. висина на хонорарите и стапувале во контакт и преговори со одредени професори.

Камуфлирани лобисти

Професорите кои се согласувале на зделката, на пример, со своите истражувања покажувале дека собирањето на податоци од Гугл за корисниците е фер постапка, меѓу другото и затоа што услугата на Гугл е бесплатна за корисниците. Гугл плаќал и патни трошоци на професорите од повеќе елитни универзитети, меѓу кои се Харвард и Баркли, за состаноци со носителите на одлуките и лобистите. Резултатите од студиите Гугл ги користел во борба против обвиненијата за монополистичко однесување на пазарот.

Од извештајот на Волстрит џорнал може да се заклучи дека професорите на универзитетите работеле како камуфлирани лобисти чија задача е да влијаат на државните одлуки во корист на Гугл. Самиот концерн пренесува дека откако е основан, одржува тесни врски со универзитетите и истражувачките институти: „Ги поддржууваме академските истражувачи кога се работи за компјутерските науки и политичките теми како што се авторските права, слобода на говорот и контролата и ги поддржуваме гласовите кои се залагаат за принципи на отворен интернет” – рече еден претставник на Гугл за Волстрит џорнал.

Руперт Мердок има улога

Научниците кои по дефиниција треба да работат независно, не се двоумеле своите студии да ги стават на увид на Гугл пред објавувањето, со цел концернот да може да додаде уште некои „предлози”,,,

Волстрит џорнал ги добил во посед електронските комуникации меѓу некои професори и Гугл. Професорите во податоците за своите истражувања главно не наведувале дека ги финансирала оваа фирма.
Откритијата на Волстрит џорнал се дел од борбата против Гугл која ја води Руперт Мердок, медиумски магнат и сопственик на медиумскиот концерн Њуз корпорејшен ма кој му припаѓа од 2007 година и на Волстрит џорнал.

Мердок веќе поднел тужба против Гугл до Европската комисија; барал Гугл да плаќа за автоматски произведен исечок на интернет-страна кој се гледа во резултатите од неговото пребарување, а во спор е со мегаконцернот и околу разни други прашања, на пример околу тоа на кои интернет портали смеат да се појавуваат реклами, итн.

Нема „светци”?

Од 2009 година Гугл финансирал околу 100 студии со политички теми, а уште 100 потекнуваат од автори кои директно или индиректно добиле пари од Гугл, но тоа не сакале да го откријат.

Со тоа Гугл се придружил на компании кои веќе долго ги плаќаат научниците и истражувачите за студии кои ги помагаат нивните деловни интереси. Меѓу интернет концерните се на пример Мајкрософт, Квалком и Верајзон, а кои финансирале студии кои биле многу критични кон Гугл.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска