САД ќе им забранат на Американците да патуваат во Северна Кореја

Од:

Американските власти ќе им забранат на своите државјани да патуваат како туристи во Северна Кореја, пишуваат медиумите во САД, повикувајќи се на соопштенијата на две туристички агенции кои организираат вакви патувања.

Агенциите „Корјо Турс“ и „Јанг Пајонерс турс“ чие седиште е во Кина, соопштуваат дека ваквата одлука ќе биде обелоденета на 27 јули, како и дека ќе стапи во сила 30 денови подоцна.

Потврда на ваквите вести, засега, нема и од властите на САД.

Агенцијата „Јанг Пајонерс“ го организираше патувањето на младиот американски студент Ото Вармберг во Северна Кореја. Тој беше уапсен во Пјонгјанг кога сакаше да се врати во САД, со обвинување дека „украл од хотелот политичко-пропаганден плакат“. Беше осуден на 15 години тешка работа, но во јуни годинава беше пуштен од затворот во состојба на кома, од која не се разбуди. Младиот Американец почина само една недела по враќањето од Северна Кореја.

Оваа агенција подоцна соопшти дека повеќе нема да прифаќа американски државјани за патување во Северна Кореја.

Во одвоени изјави, двете туристички агенции објаснуваат дека за одлуката на американските власти разбрале од шведската амбасада, која ги застапува интересите на САД во Северна Кореја.

Амбасадата ги известила дека во тек е пребарување и пребројување на сите американски државјани кои во моментот се во Северна Кореја.

На сите Американци им се советува веднаш да ја напуштат оваа земја.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски