Поради свлечиште во висина од еден метар и должина од 100 метри, во прекин е сообраќајот на излезот од село Шипковица, на патот кон село Бродец, информира АМСМ.
Сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце се пренасочува поради зголемено количество на вода на Поројска река.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и поголема внимателност низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.