А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Зголемениот број на работни места е резултат на макотрпна работа

by А1он23/12/2012 - 15:12130
Share0

Објавениот годишен извештај на ИБМ – Бизнис истражувачка компанија во во кој се посочува на зголемувањето на бројот на работни места и инвестиции во Македонија е уште една меѓународна верификација на она што се случува во последните години во државата. И покрај тешката економска криза со огромните напори што ги прави Владата, имаме сериозен напредок во привлекувањето инвестиции како домашни така и странски, изјави премиерот Никола Груевски.

Добивај вести на вибер

Одговарајќи на новинарско прашање премиерот Груевски рече дека во Извештајот на ИБМ јасно се гледа дека Македонија е прва на овој извештај од сите земји во светот каде што во 2011 година по број на новоотворени работни места по глава на жител и процентот има 270 отсто повеќе работни места во 2011 година во однос на 2010 година.

– Тоа е резултат на нашата работа, многу наши залагања, на многу бизнис форуми што сме ги направиле, на многу роуд шоуа, на залагањето на многу министри, на нашите промотори во триесетина земји низ светот, на нашата медиумска кампања низ различни медиуми и, пред се, она што е сработено внатре во земјата. Затоа што колку и да имате промотори, колку и да се трудите надвор да привлечете инвеститори, ако дома не сте си ја завршиле домашната задача, ако дома немате добри услови за инвестирање, ако немате добра бизнис клима, ако немате технолошко-индустриски развојни зони кои даваат специјални услови, ако го немате она што го нуди земјата како најниски трошоци за правење бизнис, најниски даноци, намалена бирократија значително во однос на тоа што беше во минатото и многу подобро отколку целиот овој регион, можеби и повеќе од него тогаш кога и колку да се рекламирате тоа нема да се случи, истакна Груевски по поставувањето камен темелник на нова Технолошко-индустриска развојна зона „Гевгелија“, локалитет Прдејци.

Тој рече дека не е случаен овој извештај, односно не се случајни резултатите во овој извештај и не е случајно што по многу долг период Македонија ја премина онаа бројка од 300 илјади невработени и падна на 288 илјади.

– Јас не се сеќавам кога Македонија имала под 300 илјади невработени. Тоа е еден тренд, тоа не е доволно, јас не велам дека тоа е доволно и дека сме ја завршиле работата, но тоа е добар тренд кој треба да продолжи и со изградбата на вакви зони како што е оваа во Гевгелија и уште останатите 14 зони што почнавме да ги градиме или почнуваме во наредните неколку месеци. Тој тренд ќе продолжи, особено откако ќе стивнат последиците и уделот на европската должничка криза бидејќи нашата економија е силно поврзана со европската економија каде што владее силна должничка криза, односно економска криза и рецесија во еврозоната, додаде премиерот Груевски.

premier

Би можело да ве интересира

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он05/05/2025 - 20:01

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

Горан Наумовски15/12/2024 - 11:08

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски12/11/2024 - 08:1212/11/2024 - 10:30

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on10/05/2024 - 12:36

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on13/03/2024 - 14:35

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on29/01/2024 - 11:0729/01/2024 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен