Младинците против Косово ќе се борат за што подобар пласман

Од:

Како трето пласирана во групата Ц македонската репрезентација не успеаја да ја минат првата групна фаза од Европското првенство (Дивизија Б) за кошаркари до 20 години. Во следната фаза поминаа домаќинот Романија и Грузија додека Македонија Малта и Албанија ќе се борат за што подобар пласман на ова континентално првенство.

Според системот на првенството, трето пласираниот од нашата група за пласман од деветтото до шеснаесеттото место ќе разигрува против четврто пласираниот во групата Д. Па така, избраниците на Мирко Петрески во првата битка за пласман 9-16.место ќе се борат против селекцијата на Косово.

Во неполн месец, нашите младинци двапати беа подобри од Косово. Првиот пат ги совладаа на домашен терен со 82-72 што всушност беше и првиот пријателски натпревар на младинската репрезентација во рамки на подготовките пред првенството. Вториот меѓусебен натпревар го одиграа на гостински терен и повторно запишаа триумф со 66-68.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос