Властите во Аргентина и Чиле предупредија за зголемена активност на вулкан, кој се наоѓа на заедничката граница на двете латиноамерикански земји.
Вулканот Копаве исфрлил столб од гас и дим во височина од 1.500 метри. На локалното население, кое живее во близина на вулканот, им се поделени маски и вода за пиење, но наредба за евакуација се уште нема.
Вулканот Копаве е висок 3.000 метри и се наоѓа во аргентинската провинција Невкен и во чилеанската област Био Био. Тоа е на 1.200 километри југозападно од аргентинскиот главен град Буенос Аирес.