Автобус излета од патот во длабока клисура на Хималаите, на речиси 100 километри од туристичката дестинација Шимла, соопшии началничката на локалната полиција Соумија Самбасиван, наведувајќи дека во несреќата загинале најмалку 28 лица.
– Телата на сите 28 лица с е идентификувани. Седум лица се повредени, посочи Самбасиван, додавајќи дека во автобусот се наоѓале 40 лица.
Спасувачите од итните служби спроведуваат спасувачка операција.