Според прогнозата на компанијата „G Adventure” Албанија ќе биде една од тринаесетте главни туристички дестинации во светот за 2013 година, додека во однос на земјите од Балканот таа е главна туристичка дестинација.
Ова е првпат компанијата „G Adventure” да ја стави Албанија во главните туристички дестинации, јави дописникот на МИА од Тирана.
Албанија годинава ја посетиле над четири милиони туристи, што е за 277 илјади повеќе споредено со минатата година.
Индустријата и туризмот претставуваат главни области за економски развој на земјата, кои лани изнесувале 11 отсто од БДП а следната година тој процент се очекува да биде поголем.
За се поголемата посетенот на земјата, деновиве на годишната конференција на Здружението на туристичките работници на Албанија, зборуваше и премиерот Сали Бериша.
– Туристичките достигнувања во Албанија годинава бележат најголем раст што познава некоја земја. Годинава Албанија ја посетиле над четири милиони туристи. Тоа се должи главно на гостопримството на албанските граѓани и убавината на албанското крајбрежје, изјави Бериша.
Според него ова секако има значајни економски ефекти. Тој најави поголеми инвестиции за развој на планинскиот туризам, со посебн акцент во северниот дел, каде, како што ги нарекува Бериша, се протегаат „албанските Алпи“.