Земјотрес од 5,6 степени кај јапонската АЕЦ „Фукушима“, нема информации за настрадани и штети

Од:

Земјотрес со јачина на ударот од 5,6 степени според Рихтер утринава е регистриран на источното, тихоокеанско, јапонско крајбрежје, во близина на главниот јапонски остров Хоншу, пренесе ТАСС, цитирајќи ја Националната метеоролошка управа.

Според американските медиуми, магнитудата на ударот била 5,8 според податоците на Тихоокеанскиот центар за предупредувања од цунами.

Епицентарот бил на длабочина од 40 километри под дното на океанот, крај брегот на провинцијата Фукушима. Потресот бил почувствуван во вкупно 17 префектури, вклучувајќи ги и соседните Мијаги и Ибараги, а, исто така, и во Токио.

Засега нема информации за настрадани лица и за разурнувања. Немало ниту проблематични ситуации и во АЕЦ „Фукушима“, што беше сериозно оштетена во земјотресот од 2011 година.

Нема соопштение за опасност од цунами.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови