Кошарка М-16: Македонија убедлива против Бугарија

Од:

Првиот пријателски натпревар кој кадетската репрезентација на Македонија го одигра во рамки на подготвителниот период го завршија победоносно со триумф над соодветната селекција на Бугарија со 97-72 (24-14, 24-17, 27-24, 22-16).

Нешто повеќе од две минути им требаа на младите македонски кошаркари за да влезат во посакуваниот ритам на паркетот. Апсолутната доминација беше најавена со серијата од 11 поени во низа. Гостите речиси и да немаа одговор на играта на нашите репрезентативци кои како одминуваше времето се повеќе ја зголемуваа таложеа предноста. Во првиот дел највисоката предност изнесуваше 19 поени (48-29).

Третата четвртина донесе порамноправна кошарка. Бугарија го затвори рекетот и тоа беше шанса за нашите шутери кои одиграа на високо ниво во текот на целиот натпревар ја преземаа иницијативата и со неколку реализирани тројки резултатот повторно се врати на плус 20, доволна за рутиниран финиш.

Двете репрезентации денес напладне во Скопје ќе одиграа уште еден пријателски натпревар.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос