Во Кривопаланечко 110 барања за штети од априлското невреме

Од:

Вкупно 110 барања за надомест на штета од невремето во април годинава поднеле земјоделците од Крива Паланка и Ранковце.

Сите 110 барања се со пријавена стопроцентна штета на поседите.

– Станува збор за извршена проценка на штета на ореви, цреши, вишни, сливи и јаболки на земјоделски имоти на територијата на двете општини, информира Славче Станковски од општинската Комисија за утврдување штети од пролегното невреме.

Утврдени се пријавените штети на земјоделски земјишта и овоштарници, додека барањата не се однесувале за процена на штети на млад насад.

Комисијата која извршила проценка на штетите се состои од пет члена: претставници од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумараство и водостопанство Крива Паланка, подрачната канцеларија на Агенција за поттикнување и развој на земјоделството, како и од Државниот земјоделски инспекторат.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои