Мадуро го отфрли предлогот на Трамп Венецуела да се откаже од изборите на Уставотворно собрание

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го отфрли повикот на својот на американски колега, Доналд Трамп, неговата земја да се откаже од планот на 30 јули да одржи избори за Уставотворно собрание, пренесоа американските медиуми.

– Ниту една странска влада не ја контролира Венецуела. Тука, во Венецуела, Венецуелците ги даваат наредбите, а не Трамп, изјави Мадуро на заседанието на Националниот совет за одбрана, органот за итни ситуации, што директно беше пренесуван на телевизија, а што тој го свика вчера како одговор на критиките на својот американски колега.

Ден претходно Трамп се закани дека САД ќе преземат непрецизирани економски дејствија против Венецуела, доколку таа одржи избори за собрание кое ќе го напише новиот Устав, со цел да се зацврсти власта на социјалистот Мадуро врз институциите, кои се надвор од негова контрола.

Претставници на американската Влада споменуваат широк круг од санкции, вклучувајќи го и ограничувањето на извозот на нафта – основниот извор на приходи за јужноамериканска држава, што е западната во сериозна криза, забележуваат американските медиуми

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Самуел Монкада, вчера јасно порача дека неговата земја нема да се откаже од изборите за Уставотоворно собрание.

Венецуела сериозно ги преразгледува своите односи со САД, „бидејќи од никого не прифаќаме да бидеме понижувани, објасни Монкада.

Венецуела просечно дневно во САД извезува по 700.000 барели нафта, што претставува околу полоовина од нејзиниот извоз.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина