Премиерот Никола Груевски денеска ќе ја посети општина Гевгелија.
Предвидено е Груевски да присуствува на поставување камен-темелник за изградба на новиот современ Градски пазар во Гевгелија и на пуштањето во употреба на улицата „Мирко Делев“.
Премиерот ќе присуствува и на поставување камен-темелник за изградба на Технолошко-индустриската развојна зона „Гевгелија“, локалитет Прдејци.