АИ до светските лидери: Притиснете ја Турција да ги ослободи активистите

Од:

Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ ги повика денеска светските лидери да извршат притисок врз Турција да ги ослободи шестмината активисти за човекови права, кои Анкара ги обвини за пружање помош на „терористички групи“.

Тврдејќи дека Турција се повеќе станува отпадничка држава, Џон Далхуисен, директор на АИ за Европа изјави во Лондон дека обвиненијата против активистите, меѓу кои и директорот на таа организација за Турција, се очигледно апсурдни.

– Турскиот обвинител го знае тоа, судиите го знаат тоа, турската Влада го знае тоа и странските влади знаат, нагласи тој, укажувајќи дека меѓународната заедница мора да се ангажира во однос на Турција и своите односи со таа земја да ги нарече со вистинското име, „однос со се повеќе отпадничка земја и недоверлив партнер“.

Нарекувајќи го тоа „момент на вистината“ за меѓународната заедница, Далхуисен ги повика партнерите на Турција да заземат цврст став и да побараат шестмината активисти да бидат пуштени и ослободени од сите обвиненија.

Турските власти на 5 јули притворија 10 активисти, за време на работилница за дигитална безбедност и управување со информации на остров јужно од Истанбул. Четворица од приведените во меѓувреме се пуштени на слобода со судска контрола, а шестмина од нив претходно денеска се задржани во притвор.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу